Канадската компанија "Еуромакс", која ги вршеше испитувањата на на рударскиот локалитет Иловица на планината Огражден, општина Босилово, соопшти дека на овој локалитет има уште поголеми економски исплатливи содржини на злато и бакар од досега утврдените. Досега беа утврдени 140 милиони тони руда, но по последните испитувања тие количини се многу поголеми. Првичните проценки се дека рудникот би требало да почне да работи во 2017 години, а неопходната инвестиција за почеток на експлоатацијата се проценува на повеќе од 500 милиони долари.
Канадската компанија "Еуромакс", која ги вршеше испитувањата на на рударскиот локалитет Иловица на планината Огражден, општина Босилово, соопшти дека на овој локалитет има уште поголеми економски исплатливи содржини на злато и бакар од досега утврдените.
Досега беа утврдени 140 милиони тони руда, но по последните испитувања тие количини се многу поголеми.
Првичните проценки се дека рудникот би требало да почне да работи во 2017 години, а неопходната инвестиција за почеток на експлоатацијата се проценува на повеќе од 500 милиони долари.
Новите проценки се дека на ова наоѓалиште има околу 184 милиони тони руда со побогат процент на бакар и злато во однос на претходната проценка.